ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Тачи: Ќе поднесам оставка ако се покрене обвинение од Меѓународниот суд за Косово

September 25, 2020 10:42
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека во моментот кога Специјализираните комори за Косово, односно Меѓународниот суд за воени злосоторства во Косово, ќе го потврдат обвинението против него, веднаш ќе поднесе оставка од функцијата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за телевизијата Т7, Тачи изјави дека, иако медиумите тврдат дека, како еден од основачите и водачите на Ослободителната војска на Косово (ОВК), е меѓу осомничените за убиството на над 100 цивили Албанци, Срби и други во текот и непосредно по војната во Косово во 1998-99 година, тој од обвинителите на суд во Хаг воопшто не бил прашан за ниту едно убиство.

Тој нагласи дека при неговото испитување не била спомната ниту наводната трговија со човечки органи и „жолтата куќа“ во близина на Кукеш во Албанија, за што во извештајот од декември 2010 година пишува специјалниот претставник на Советот на Европа за Косово, Дик Марти, а што беше повод за основањето на Трибуналот во Хаг.

– Во ниеден момент не сум прашан за трговија со човечки органи, иако тоа беше основата за формирање на Специјалниот суд. Не сум прашан за никаква жолта куќа, ниту пак за било какво убиство, изјави Тачи.

Тој нагласи дека нема намера повторно да се кандидира за претседател на Косово откако во мај идната година ќе му истече актуелниот петгодишен мандат.

Тачи не ја коментира најавата на поранешниот премиер, лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај дека ќе се кандидира за претседател на државата и рече дека за него е прифатлив секој кој што ќе биде изгласан од Собранието.

Next Post

Санкционирани 371 возачи, 120 за пречекорување на брзина

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk