ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев-Пахор: Словенија продолжува целосно да ја поддржува С. Македонија за напредок и полноправно членство во ЕУ

September 25, 2020 20:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска придружуван од заменик-претседателот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и претставници од повеќе министерства ја прими делегацијата на Република Словенија, предводена од претседателот на државата Борут Пахор, кој престојува во дводневна посета на земјата.

Во словенечката делегација беа и двајцата вицепремиери и министри, за економски развој и технологија Здравко Почивалшек и за одбрана Матеј Тонин.

Како што информира владината прес-служба, премиерот Заев, изразувајќи особено задоволство за посетата на високата делегација од Словенија, истакнал дека средбата ги реафирмира одличните билатерални односи меѓу двете земји, нивното сојузништво во НАТО и поддршката која ја има Северна Македонија во процесот на пристапувањето на нашата држава во Европската Унија.

-Словенечкиот претседател Пахор сеќавајќи се на првите средби со премиерот Заев, на почетокот на неговиот прв мандат, изрази почит кон неговото ангажирање и апсолутен фокус на исполнување на визиите кои носат позитивни промени и просперитет за граѓаните на Северна Македонија. Тој ги поздрави остварените договори за добрососедство и пријателство со Бугарија и Преспанскиот договор со Грција, истакнувајќи дека Република Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, нудејќи сесрдна помош за унапредување на соработката во сите области, почитувајќи ги принципите на заемно почитување, се вели во соопштението од Владата.

Премиерот Заев се заблагодарил на словенечкиот претседател Пахор за традиционалната, искрена и посветена поддршка што ја дава Словенија на нашата држава во сите демократските процеси, испраќајќи порака дека регионалната соработка е исклучително важна и дека единствениот начин за просперитет на граѓаните е прашањата да се решаваат на начин кој сплотува, а не разединува.

Двете делегации на Северна Македонија и Словенија се согласиле и истакнале дека продолжува поддршката во областа на економско – трговската соработка, туристичката размена, како и инфраструктурните вложувања./МИА/

Next Post

СЗО: Бројот на смртни случаи од коронавирус може да достигне 2 милиони пред масовна вакцинација

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk