ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ЦИВИЛ со осуда на полициската бруталност и со предлог мерки за надминување на насилните инциденти

September 27, 2020 17:35
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ уште еднаш остро ја осудува полициската бруталност во битолскиот случај, кога полициски службеници претепаа припадник на ромската заедница. Воедно, загрижувачки се зачестените напади, како врз припадниците на полицијата, така и врз лекарите и други службени лица.

Полицијата мора да биде пример за законито однесување. Згрозени сме од бруталноста на полициските службеници во снимката што беше објавена денеска. Во овој случај, правната држава треба да одреди најстрога санкција според законот. Униформата не смее да биде заштита на насилниците, туку заштита од насилството. Неказнивоста мора да престане – беше ставот на ЦИВИЛ веднаш по обелоденувањето на случајот во Битола на социјалните мрежи на 24 септември.

За јавноста е важно да разграничи дека полициската бруталност никако не смее да се поистовети со нападите врз службени лица. Домашното и меѓународното право прецизно одредуваат кога полициската интервенција излегува од законските рамки и преоѓа во пречекорување на овластувањата, малтретирање и бруталност.

ЦИВИЛ ги поддржува изразите на протест против полициската бруталност, како и брзата институционална реакција во која одговорните полицајци остро се санкционирани поради пречекорувањето на службените овластувања.

Воедно, повикувањето на контрапротести со кои се изразува поддршка на санкционираните полицајци доаѓа од недоволно јасно дефинирани и видливи структури што предизвикува сомнеж дека мотивите на таквите активности немаат врска со демократијата и владеењето на правото. Важно е институциите и власта јасно да се оградат од ваквите пораки во јавноста.

Слободата на изразувањето и правото на мирен протест во земјата се гарантирани и веќе со години не постојат никакви институционални пречки за нивно практикување. Јавноста се сеќава дека во минатото, токму режимот ги поттикнуваше, па и ги организираше контрапротестите. Тоа не е и не смее да биде случај во едно демократско општество.

Загрижува и појавата на насилни вербални и физички напади врз службени лица. Институциите имаат обврска да преземат сериозни и решителни мерки за нивно спречување и санкционирање во рамките на законот.

ЦИВИЛ предлага да се заострат законските санкции за пречекорување на службените овластувања, непостапувањето по пријави од граѓанки и граѓани, како и против нападите на службените лица.

ЦИВИЛ ја истакнува потребата од сериозно и решително активирање на телата за внатрешна контрола во рамките на сите институции, особено во МВР. Во тој процес е пресудно да се работи на јакнење на транспарентноста и граѓанското учество во активностите на внатрешната контрола во МВР и другите институции. Јавноста има право на да знае дали и што работат тие тела.

Неказнивоста мора да престане!

ЦИВИЛ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk