ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Дезинформации дека ковид-19 е предизвикан од бактерија, а не од новиот корона вирус

September 28, 2020 13:14
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот сервис за проверка на фактите istinomer.rs се осврнува на честите постирања од страна на српските корисници на Фејсбук дека болеста ковид-19 не е предизвикана од новиот корона вирус (SARS-CоV-2), туку од бактерија. Најчесто ваквите постови се повикуваат на вест од јули годинава, дека при обдукциите на телата на починатите од корона вирусот биле пронајдени згрутчувања на крвта во речиси секој орган, пренесува Мета.мк.

Се тврди и дека станува збор за бактерија „со која нè прскаат и која ја згрутчува крвта, а не се пренесува од човек на човек, ја згрутчува крвта и тогаш, се разбира, отежнато дишете, и на крајот всушност умират од затнување на крвен сад, односно од мозочен или срцев удар“.

Но, потсетува, istiomer.rs, научно е докажано дека болеста ковид-19 ја предизвикува вирус од семејството Coronaviridae, а не бактерија, а тоа го пишува и Светската здравствена организација (СЗО) на својот официјален веб-сајт. Сепак, некои луѓе што се разболуваат од ковид-19, исто така може како компликација да добијат и бактериска инфекција, а во тој случај, се даваат антибиотици.

Кога станува збор за пренесувањето на вирусот, исто така е научно докажано дека тој се шири меѓу луѓето преку индиректен контакт (преку контаминирани предмети или површини) или со близок контакт со заразените, преку секрети од устата и носот, објаснува СЗО. Тука спаѓаат плунката, респираторен секрет или капкички секрет. Тие се ослободуваат од устата или носот кога заразеното лице кашла, кива, зборува или пее. Луѓето што се во близок контакт (во круг од еден метар од заразеното лице), може да се заразат со новиот корона вирус ако заразните капкички им влезат во устата, носот или очите.

Од друга страна, компликациите во вид на згрутчување на крвта се многу присутни кај пациентите заразени со SARS-CоV-2, но тоа нема никаква врска со дезинформацијата дека болеста ковид-19 е предизвикана од бактерија, пишува istinomer.rs.

Со студијата „Зачестеноста на тромбозни компликации кај пациенти критично болни од ковид-19“ е утврдено дека кај 31 отсто од пациентите е забележана некоја тромбозна компликација. Односно, точно е дека кај потешките случаи на заболени од ковид-19 може да дојде до проблеми со згрутчувањето на крвта, пренесува индискиот портал за проверка на факти „The Logical Indian“.

Со истражувањето „Хематолошки наоди и компликации кај ковид-19“ е утврдено дека хиперкоагубилноста, односно густата крв, е честа појава кај хоспитализираните пациенти со новиот корона вирус. Резултатите на студијата исто така покажале дека пациентите заразени со SARS-CоV-2, дури и оние што не се хопитализирани „се во висок ризик од венска тромбоемболија“.

 

Next Post

МОН: Платформата се тестира за целосна функционалност

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

April 17, 2026
онкологија

Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

April 16, 2026

(ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk