На социјалните мрежи, поточно на фејсук страната Сеир, се појави видео снимка од спроведувањето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во затворот Идризово.
Ексминистерката е осудена правосилно на 4 години затвор за незаконската набавка на мерцедесот (во случајот Тенк) од речиси 600 илјади евра.
Јанкулоска одговара за злоупотреба на службената положба и овластувањата зашто му наложила на помошникот-министер во МВР Ѓоко Поповски да го намести тендерот и со пари од буџетот на полицијата, да купи блиндиран мерцедес, не за полицијата, туку за тогашниот премиер Никола Груевски, по негова нарачка. Тој е осуден на две години затвор, но e во бегство во Унгарија.