ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Проект „Предизвикај се себеси и биди активен“ за физичка активност на учениците кои ќе следат настава онлајн

За успешно спроведените вежби учесниците ќе собираат поени и ќе се натпреваруваат со своите врсници од другите училишта. Секое од инволвираните училишта ќе добие и донација на спортска опрема во рамки на проектот, според нивните посочени потреби.

September 29, 2020 19:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението за индивидуален, организациски и општествен развој „РАСТ И РАЗВОЈ Скопје“ на 1. Јули 2020 година започна со реализација на проектот „Предизвикај се себеси и биди активен“, финансиран од Група 484 и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград, со Договор за грант.

Проектот претставува директен одговор на глобалната, здравствена, социјална и економска криза предизвикана од Ковид-19. Поконкретно, вкупно 10 основни училишта од Република Северна Македонија, од сите осум статистички региони и со хетероген демографски состав, ќе партиципираат во активности/вежби, кои се очекува да поттикнат физичка активност на ученици од VI до IX одделение, во домашни услови (без или со многу малку потребна опрема), креирани од квалификуван и професионален едукатор за физичко образование, преку интерактивна онлајн плаформа.

Ваквата активност се смета за особено значајна, бидејќи училиштата во земјата се затворија во Март 2020, и се очекуваше состојбата да продолжи и во следната учебна година. Во проектот ќе учествуваат 300 деца на возраст од 10 до 14 години, во соработка со 10 професори по физичко образование од селектираните основни училишта.

За успешно спроведените вежби учесниците ќе собираат поени и ќе се натпреваруваат со своите врсници од другите училишта. Секое од инволвираните училишта ќе добие и донација на спортска опрема во рамки на проектот, според нивните посочени потреби.

Проектот подразбира и две онлајн истражувања во втората фаза, кои покрај евалуација на проектните активности и мерење на задоволството од самата програма, ќе треба да обезбедат и податоци за ставовите и мислењата на учесниците за значајноста на физичкото образование во земјата и сугестии за подобрување на квалитетот на наставата и курикулумите/методите и техниките, кои во вид на е-брошура ќе бидат дисеминирани до сите засегнати страни (Министерство за образование и наука, Агенција за млади и спорт, Биро за развој на образованието итн.).

Next Post

Спасовски: Во првите осум месеци годинава поднесени 46 претставки за работата на полицијата

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk