Вечерва во 20:15 на онлајн платформата YouTube ќе се одржи online премиерата на интернационалниот видео проект “Револуција во живо” на режисерката Теа Беговска.
Во проектот се вклучени актери од пет држави: Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Франција, Мексико и Турција. Во проектот исто така учествуваат и други актери, музичари и уметници од сите пет држави. Играат: Дина Мушановиќ, Томе Станковски, Пјер Мениер, Џорџ Ангелс, Зејнеп Нутку и Рујиш Беговска. Актерите се исто така автори на видеата во кои зборуваат на пет теми: љубов, верба, надеж, храброст и вистина. Теми кои се дел од нивните животи и професии. Искажувајќи ги своите мисли и чувства пробуваат да го променат секојдневието. Овој проект беше реализиран за време на карантин.
„Ова е нашата револуција која веруваме дека можеби ќе стане и ваша. “, велат организзаторите.
Претставата ќе може да се следи на следниот линк:: https://www.youtube.com/watch?v=Dy7ugq_NWnU
Проектот е подржан од Министерство за Култура.
Пријатели на проектот: Teatro Rabinal, LA Belle Meunier, Tiyatrohane