ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Приведен сопственикот на „Мош“, бучавата во локалот била над дозволеното, а биле казнети и 38 гости за неносење маски

October 4, 2020 15:35
in ДЕНЕС, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter
Денеска (04.10) околу 00:30 часот од страна на полициски службеници приведено е лицето М.Д. (41) од Скопје, кое е задржано во ПС Центар. Лицето е  приведено поради постоење основано сомнение дека, како одговорно лице, управител на ланч бар „Мош“ (улица „Дебарца“ во Скопје), сторил кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија – казниво по член 206, став 2 од КЗ на РСМ.

Лицето М.Д. не го применувал протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана и протоколот за отворање на кафетерии, како и здравствените прописи за време на епидемија. Конкретно, организирал музички настан – концерт каде што помеѓу гостите не се почитувало дозволеното растојание од 1,5 до 2 метри и повеќето лица не носеле заштитни маски на лицето, и не биле исполнети и други одредби од пропишаните здравствени протоколи.
Претходната вечер (03.10), поврзано со истиот угостителски објект, на барање и во координација со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), полициски службеници во 19:30 часот, беа во ланч барот „Мош“ при што на одговорното лице М.Д. од страна на пазарните инспектори му беше укажано да ги почитува мерките од Уредбата на Владата на РСМ во врска со пандемијата на КОВИД-19, особено по однос на задолжителното физичко растојание на масите и носењето заштитни маски.

Потоа во периодот од 21:00 до 23:00 часот повторно е извршена контрола на угостителскиот објект, при што се констатирани неправилности. Притоа, полициските службеници издадоа 38 платни налози на гости во локалот што не носеле заштитни маски, а од страна на ДПИ констатирано било дека не се почитува растојанието меѓу масите од 1,5 метар. Воедно, во истиот угостителски објект, околу 22:30 часот од страна на полицијата повикани се и претставници на Инспекторатот за животна средина од Oпштина Центар и извршено било мерење на бучавата во локалот.

Притоа е констатирано дека таа била над дозволените граници, за што дополнително ќе биде доставена прекршочна пријава од Инспекторатот за животна средина.Паралелно, Државниот пазарен инспекторат во текот на вчерашниот ден  (сабота), спроведе над 100 контроли низ целата држава. Притоа, кај 19 субјекти се изречени казни за непочитување на здравствените протоколи и други прекршоци во надлежност на ДПИ и 4 за непочитување на работно време.

Конкретно, 7 субјекти организирале свадби во Струга (1), Тетово (2) и Скопје (4).  Кај осум субјекти е констатирано непочитување на здравствените протоколи, односно во Струмица (2), Скопје (5) и Битола(1). За субјектите кои ги прекршиле здравствените протоколи и организирале свадби, ќе бидат поднесени кривични пријави до Јавното обвинителство.

Во текот на вчерашниот ден кај 4 субјекти, ДПИ констатирал пречекорување на работното време, односно во Скопје (2), Прилеп(1) и Битола (1). За овие субјекти ќе бидат изречени прекршочни пријави, ќе бидат издадени платни налози за парична казна и решение за затворање на објектите од 10 до 30 дена во зависност од пречекорувањето на работното време.
Државниот пазарен инспекторат ќе продолжи со засилени контроли во текот на денешниот ден и во следниот период.
Next Post

Критики за Мицкоски за лицемерието и кршењето на мерките за заштита од коронавирусот

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk