Денеска пред пратениците се измените на Законот за ученички стандард и Законот за студентски стандард. Преку овие измени, обезбедуваме правна рамка за реализација на важна мерка од четвртиот пакет, извести пратеникот и претседател на СДММ Дарко Каевски.
Тој истакна дека заради намалениот капацитет во домовите, студентите и средношколците чии барања биле одобрени, а не можат да бидат сместени, ќе имаат можност да одберат месечен надомест за покривање на трошоците за приватно сместување или да одберат надомест на трошоците за превоз од местото на живеење до местото на студирање.
„Оваа мерка опфаќа 884 студенти и 347 ученици, а за нејзина реализација ќе се искористат 44 милиони денари од Буџетот, предвидени во четвртиот пакет антикризни мерки.
Очекуваме дека сите пратеници без разлика на партијата од која доаѓаат ќе ги поддржат овие законски измени и на над 1.100 ученици и средношколци ќе им обезбедиме месечен надомест за покривање на трошоците за приватно сместување или надомест на трошоците за превоз од местото на живеење до местото на студирање, со што непречено ќе можат да го следат наставниот процес.“, истакна Каевски.







