Најверојатно преговарачката рамка ќе биде брзо усвоена и сите се надеваме дека ќе се случи меѓувладината конференција. Но, во моментот кога ќе треба да почнат преговорите, владеењето на правото ќе биде најважната точка, вели францскиот амбасадор Кристијан Тимоние.
Тој оцени дека со Бугарија може да се најде решение, ако има доба волја од двете страни.
-Работите треба да се гледаат долгорочно. Тоа е од заемен интерес за двете земји, особено за да може тој пат да се изоди до Европската унија. Но, потоа ги имаме прашањата поврзани со внатрешната политика во двете земји. Не го велам ова за да ја потценам внатрешната политика, но внатрешната политика има емоции поврзани со историски прашања, со идентитетот, кои се многу силни и кај едните и кај другите. Затоа ќе кажам дека сето ова не треба да се искористува, да се манипулира за да се избегнуваат другите прашања. Постои една реалност поврзана со историските прашања зашто историјата на Балканот е сложена и треба да се продолжи да се разговара. Досега разговорите се водеа во пријателски дух со кој се постигна и Договорот од 2017 година. Треба да се продолжи на тој пат, а ние како дипломати не забележуваме дека има нешто што би можело