Полицајци физички нападнати додека апселе неколку лица пред пекарата „Силбо“ на булеварот „Партизански одреди“. Од видеата кои се јавно споделени најпрво се слуша вербална расправија, која потоа, прераснува и во физичка пресметка, пренесува А1 он.
Пред едно од лицата да го фати полицаецот за врат, држејќи го за униформата и туркајќи го, му вели: „Ајде бе удриме, ајде“, а истовремено, лицето кое снима сугерира: „Остај нека те удри. Ако бе, ќе оди ова во дисциплинска, сите ќе“. Откако едно од лицата употребува сила, а полицаецот возвраќа за да се одбрани, другите се нафрлуваат и викаат: „Не го тепај, не го мавај бе ало“. Тука, лицето кое снима вели: „Удри го, удри го, ќе бегаме“.
„Жими сè, ќе го јадат џандарите, веруј ми“, вели лицето кое ги снима полицајците, а уапсените, гласно им се дерат на службениците: „Ајде бе ајде, мангуп еден, во полиција ако работиш“.
Откако на интервенцијата и се приклучуваат и други полицајци, лицата се уапсени, но дури и тогаш даваат отпор на службениците.
Извор: А1 он