ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Болен од Ковид-19 избегал од „8 Септември“, полиција го вратила во болница

October 7, 2020 12:04
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Болен пациент од ковид-19 синоќа побегнал од ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ во Скопје, објави 360 степени.  Директорот на болницата, д-р Христијан Костов, за „360 степени“ го потврди инцидентот. Вели дека станува збор за бездомно лице кое откако било потврдено дека е позитивно на вирусот, избегало од болницата. Оттаму веднаш го пријавиле случајот во полиција и пациентот бил вратен во ковид-центарот.

„Бездомникот е најден во лоша состојба и донесен со Брза помош. Стапено е во контакт со социјалните служби за да се обезбедат здравствено осигурување и документи за идентификација, со цел да му помогнеме да се лекува. По приемот се направени анализи и дијагностички процедури според протоколите за ковид-19. Направен е ПЦР-тест и е потврден дека е позитивен на ковид-19. Испитани се белите дробови и се утврди пневмонија од ковид. Веднаш потоа го ставивме во делот за ковид-позитивни пациенти и му е одредена терапија. Дежурниот лекар и медицинскиот персонал увиделе дека пациентот бил многу вознемирен, шетал по одделот и повеќепати бил предупредуван и враќан во болничката соба, но вечерта околу 9 часот успеал да излезе од одделот и да ја напушти болницата. Дежурниот персонал веднаш изреагирал и по известување до МВР пациентот е пронајден. Тој е вратен кај нас во болницата и е продолжено неговото лекување. Во моментов е во добра состојба“, вели Костов за „360 Степени“.

Од МВР за „360 Степени“ велат дека станува збор за пациент од Куманово, кој бил вратен во болницата во 2 часот по полноќ.

Next Post

Лидерот на Златна зора и дел од поранешните пратеници виновни за формирање криминална организација

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk