ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Калеска-Ванчева: Извештајот на ЕК е признание за напредокот во клучните области важни за нашата интеграција во ЕУ

October 7, 2020 15:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Извештајот на Европската комисија го препознава и соодветно вреднува напредокот на Република Северна Македонија во клучните области важни за нашата интеграција во ЕУ. рече на прес-конференција, Снежана Калеска –Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ и пратеничка.

Таа истакна дека Извештајот е признание за досега преземените реформски процеси кои обезбедуваат висок степен на усогласеност со европските стандарди.

„Извештајот на Европската комисија се објавува во период на реафирмирање на реформските чекори и програми на новата влада и новиот парламентарен состав.

На овој начин се отвора простор за поефикасно планирање на неопходните ресурси и поголема мобилизација на сите потенцијали во реализација на конкретни резултати кои ќе донесат позитивна трансформација на целата држава.

Сето тоа е важно и во однос на подготовките на земјата за преговарачкиот процес , особено во овој период, кога го очекуваме одржувањето на првата меѓувладина конференција меѓу Република Северна Македонија и ЕУ која треба да се одржи до крајот на годинава.

Извештајот дава јасна слика за состојбите во земјата. Во него се нотирани областите каде што е постигнат напредок, но и областите каде што треба да се вложат дополнителни напори за нивно усогласување со европските стандарди.

Во извештајот, наведено е дека содржинскиот дијалог на Владата на Северна Македонија со Европската комисија се наоѓа на многу повисоко ниво, како и дека Северна Македонија во голем број области постигнува високо ниво на усогласеност со европското законодавство.

Меѓу другите, посебно се издвојуваат наодите во областа на фундаменталните вредности, изборите, владеењето на правото, судството и борбата против корупцијата.“, рече Калеска-Ванчева.

 

Next Post

Алармантен број на активни Ковид-19 случаи во Центар 210, Аеродром 208 и 180 во Карпош

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk