Не може да очекувате таа состојба да се надмине веднаш и сега и само со носење на законот, сега ќе пристапиме кон измена на законот за парнична постапка, законот за кривична постапка, кривичниот законик, со цел да можеме да ја достигнеме таа наша иднина, нашата цел за влеадеење на правото, за ефетктивна и ефикасна правда, која подразбира закони, систем, непристрасни кадри и поделба на власта, порача Калеска Ванчева.
Таа истакна дека она што го постигнуваме во последните 3 години е сериозната основа и првите ефекти се гледаат. Опозицијата не е многу среќна од овој извештај, иако ако се земе предвид дека барем декларативно се залага за ЕУ и НАТО треба да биде, но факт е дека извештајот оперира со напредок во областите и со дополнителни напори, рече Калеска Ванчева.
Треба да се свртиме кон иднината, но треба да се свртиме сите, а кон иднината ќе се свртиме ако ги признаеме грешките од минатото, а тоа опозицијата никако да го научи, нагласи пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева за Алсат телевизија.
Д. Е.