ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Шилегов за ЦИВИЛ: Очекувам СДСМ да победи и на локалните избори

October 8, 2020 17:28
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, во поглед на европските перспективи на Северна Македонија, придонесот кон евроинтеграциите на самата општина, како и за очекувањата од локалните избори.

ЦИВИЛ: Која е Вашата оценка за политичките состојби и процеси по предвремените парламентарни избори кои се одржаа во јули?

Шилегов: Не беа нормални изборите, со оглед дека, за жал, веќе ни реалноста не ни е нормална повеќе од половина година. За нас како Социјалдемократски сојуз беше и испраќање на одредени пораки од страна на електоратот, што јас мислам дека и тоа како сериозно ги прифативме и ги аналзиравме . Мислам дека промената во пристапот и начинот на владеење е видлива уште во првиот месец со сè уште неоформена централна власт.

ЦИВИЛ: До локалните избори има околу една година. Кои се Вашите прогнози?

Шилегов: Јас искрено се надевам дека ќе успееме на едно цивилизациско ниво, што значи на државно, да ја стабилизираме здравствената состојба. Тоа, навистина ми е човечка грижа, пред сè. Мораме да го победиме Ковид-19 за да се вратиме во нормала и да разговараме за овие работи кои кога ги гледате ви за ви здравјето се од секундарен карактер, а се неопходни за животот да продолжи да функционира во вакви тешки околности.

Јас мислам дека во добар дел моите колеги ги оправдаа очекувањата за кои што ги добија изборите во 2017 година. Дел од нив можеби и не ги исполнија, но треба да се разбере позицијата на секој од нас кои сме ја прифатиле функцијата градоначалник. Очекувам СДСМ да обезбеди победа и на локалните избори. Овде во Скопје ви гарантирам дека ќе победиме.

ЦИВИЛ: Како Град Скопје се подготвува за интеграција во ЕУ? Колку и на кој начин се почитуваат европските вредности?

Шилегов: Кога предводите институција се обидувате да ги достигнете стандардите за кои што мислите дека се потребни за граѓаните или што на европско ниво консензуално се прифатени дека се потребни на граѓаните. Од тој апсект, мислам дека Градот релативно коректно за овој краток период, имајќи предвид дека наследивме една состојба на целосна девастација на вредности во општеството. Онаму каде што се јавуваме како промотори и како имплементатори, мислам дека ги подигнавме стандардите. Нека е ова и некое мое субјективно размислување, сепак, граѓаните можат да видат.

Ќе дадам неколку примери. Веројатно не е европски стандард бул. Партизански одреди, од Симпо до бензинската Макпетрол да се реконструира 8 ипол месеци. А тоа ни се случуваше со претходната градска управа. Но, европски стандард е од бензиската Макпетрол до мостот Обединети нации, ја реконструирате за 30 дена.

Гледате што ни се случува на влезот на Скопје. каде работиме на делница што е навистина тешка и комплексна поради оптовареноста, а е во должина од 5,3 километри во еден правец и толку во друг правец, влезот е веќе готов, што порано не се случувало ова да се сработи за 20тина дена.

Вклучувањето на граѓаните во носењето одлуки, во конслутации со заедниците на микро ниво на проекти што ги работи Градот, каде што непосредно луѓето што живеат, ги прашуваме, што е тоа што им е потребно и како го имплементираме, е нешто што де факто се случува.

Барањето одговорност од луѓето што јас како градоначалник сум ги именувал и нивното разрешување ако пречекориле некои норми беше мисловна именка во македонското општество е, исто така, имплементација на некои вредности. Секогаш постои простор дека определени работи може да се подобрат. Но, она од што сум јас задоволен е дека за овој краток период успеавме да ја промениме перцепцијата за тоа каква институција е град Скопје. Далеку од тоа дека јас сум задоволен и дека е таа до крај добра. Напротив имаме сериозен простор кај имаме субјективни слабости, не само јас како градоначалник, туку и во администрацијата што можеме да ги подобриме, меѓутоа тенденцијата и трендот на подобрување е нешто што веќе функционира. На крајот граѓаните ќе очекуваат дека било кој да биде градоначалник по локалните избори да продолжи во тој правец со цел да се подобри.

Биљана Јордановска

Next Post

Со новите тестови побрзо ќе се добиваат резултатите, лекот „Ремдесивир“ за болничко лекување

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 12 мај 2026: Експлозивен нов почеток и силна акција

May 11, 2026

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk