ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Од утре викенд без ДДВ, граѓаните ќе може да купат домашни производи и услуги до 30 илјади денари

October 9, 2020 09:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во најавениот „Викенд без ДДВ“ кој ќе се спроведе на 10, 11 и 12 октомври, граѓаните ќе може да купат домашни производи и услуги до најмногу 30 илјади денари, како и комјутери и ИТ опрема. Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350 илјади граѓани. Корисниците на апликацијата Мој ДДВ, кои за време на викендот 10, 11 и 12 октомври, ќе може да купат домаши производи и услуги и компјутери и друга ИТ орпема до најмногу 30 илјади денари по поединец и во рок од само неколку дена назад ќе го добијат целиот ДДВ од 100 проценти, пренесе  Локално.мк.

Викенд без ДДВ” е дел од новиот, четвртиот сет на владините антикризни мерки, со што всушност се надоградува успешниот проект за поврат на ДДВ кон физички лица.

350.000 граѓани, корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, со оваа мерка, за време на продолжениот викенд на 10-11 и 12 октомври ќе можат да купуваат домашни производи и услуги, како и компјутери или друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари.

Во рок од неколку дена, на трансакциските сметки на граѓаните ќе им биде исплатен назад целиот ДДВ.

Основна цел на мерката Викенд без ДДВ, според ве де директорот на Управата за јавни приходи, Фарук Омери, е враќање на повеќе пари кај граѓаните, поттикнување на потрошувачката, а со тоа и поддршка на домашната економија.

На подолг рок, како што рече Омери, МојДДВ значи и борба со сивата економија, секој граѓанин е инспектор на терен со тоа што бара да му се издаде валидна фискална сметка, а доколку истата не му биде издадена, ќе може да пријави во УЈП од каде што ќе бидат преземени соодветни мерки.

Тој објасни дека граѓаните во текот на претстојниот продолжен викенд односно 10, 11 и 12 октомври со купување на македонски домашни производи и услуги и компјутерска опрема, може да остварат поврат на ДДВ во целосен износ. Овој поврат ќе се реализира преку апликацијата МојДДВ, а враќањето на данокот ќе се врши на трансакциска сметка на граѓаните до крајот на октомври, односно 15 дена од денот на издадената фискална сметка. Граѓаните, фискалните сметки од овој викенд без ДДВ треба да ги скенираат во рок од три дена од денот на издавањето на фискалната сметка, а вкупниот промет на добра и услуги од викендот без ДДВ на кој е пресметан данок на додадена вредност да не го надминува износот од 30.000 денари по лице.

За целосна успешност на мерката, Омери апелираше и до трговците да ги разделат / означат правилно македонските производи и услуги од останатите, во фискалните апарати.

Во поглед на апликацијата МојДДВ, тој кажа дека има три категории на граѓани:

* Граѓани кои се регистрирани на e-ПДД и кои ја инсталирале апликацијата МојДДВ, оваа категорија си продолжува со скенирање како и досега;

* граѓани кои се регистрирани на e-ПДД а не ја инсталирале апликацијата МојДДВ, оваа категорија треба само да ја инсталира апликацијата МојДДВ и да започне со скенирање на фискалните сметки и;

* граѓани кои не се регистрирани на e-ПДД а со тоа и не може да ја инсталираат апликацијата МојДДВ, оваа категорија треба да се регистрира на веб страната е-ПДД за што треба да поседуваат валидна маил адреса, која ќе биде нивно корисничко име, и да креираат своја лозинка. Потоа да дојдат во просториите на УЈП заради нивна идентификација и верификација.

Пред граѓаните е и продолжениот викенд во кој е планирано да се реализира мерката „Викенд без ДДВ“.

Министерот Филипче смета дека тој нема да претставува ризик за ширење на вирусот бидејќи, како што вели, има протоколи и се знае по колку лица можат да влезат на затворено, а дополнително на тоа е и задолжителното носење маска во затворен простор и држењето дистанца.

– Никаде нема да се пропушта да влезе голема концентрација на луѓе. Секаде ќе бидат задолжителни маските. Впрочем на затворено и сега се задолжителни, а таму каде што се носат маски и каде што се држи дистанца, едноставно нема ризик од трансмисија на вирусот, нагласи Филипче.

Отворањето на границите, според него, не претставува значаен ризик бидејќи сега најголем проблем е локалната трансмисија, за разлика од почетокот на кризата кога главниот ризик бил увозот на вирусот.

Next Post

За 24 часа 608 казни за неносење маски

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk