ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Лажна вест е дека позитивниот на ковид-19 што избега од ,,8 Септември” се маскирал како доктор

October 9, 2020 10:12
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Точно е дека пациент бездомник избегал од Градската општа болница „8 Септември“, но не и „маскиран како доктор“, пишува Вистиномер.

Откако беше објавено дека пациент позитивен на коронавирусот успеал да избега од ГОБ „8 Септември” неколку медиуми ја проширија оваа вест со додатокот дека ,,пациентот се маскирал во доктор и така успеал да избега” и веста ја проширија и на Фејсбук (овде и овде).

Ваквата вест потоа беше преземена од страна на други медиуми, без да се провери нејзината точност и само со атрибуција, а поради нејзината неверојатност и атрактивност, стана вирална. Вистиномер одлучи да ја провери вистинитоста кај одговорните во болницата кои тврдат дека пациентот навистина ја напуштил болницата и бил најден со полиција, меѓутоа дека никаков „бел мантил“ и „маскирање во доктор“ не се вклучени во настанот.

Тимот на „Вистиномер“ стапи во контакт со директорот на ГОБ „8 Септември”, доктор Христијан Костов, кој ја демантира информацијата и ја оценува како филм кој никогаш не се случил.

Воопшто не е точно дека пациентот избегал со бел мантил кој го земал од некој од вработените, тоа е комплетна дезинформација која што е бесмислено и да се коментира, ни рече доктор Костов.

Според официјалните информации, пациентот бил бездомник кој со брза помош бил донесен во Ковид центарот со пневмонија. Откако бил потврден позитивен резултат на ковид-19, тој бил сместен во одделението за ковид позитивни пациенти. Вчера вечерта околу 21 часот тој успеал да ја напушти болницата по што дежурниот персонал го известил Министерството за внатрешни работи (МВР) и тој е вратен во болницата, каде го продолжил лекувањето.

Во вестите каде се наведува дека пациентот избегал во униформа на доктор, воопшто нема извор за овој дел од информацијата.

Ова тврдење е оценето како невистинито, базирано на официјална изјава од раководството на ГОБ „8 Септември“.

 

Next Post

Дел од Општина Гази Баба утре без струја

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Војната со Иран се префрла на море: Шест бродови погодени во Персискиот Залив – расте ризикот за светската нафта

March 12, 2026

СДСМ: Срамна изјава на Мицкоски – ги нарече хистерични работниците кои бараат 600 евра плата

March 12, 2026
Илустрација Фронтлајн

Зошто Лавот сака да блесне – храброста да се биде виден

March 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Meta ја купи Moltbook – социјалната мрежа за AI ботови за која сите зборуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина актерот Кирил Поп Христов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 11 март 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Овие воено настроени убијци ја користат нашата музика без дозвола“ – Франц Фердинанд бесни поради видео на израелската армија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иранскиот амбасадр во Кипар: Моџтаба Хамнеи бил ранет во нападот што го уби неговиот татко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk