Емел Рамковска, ќерка на сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковска, во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека таа е излезена од 2016 година од затвор и сѐ уште ја чека правдата.
„Јас сум 2016 година излезена од затворот Идризово, сега сме 2020 и јас сѐ уште чекам правда. Јас чекам право, барам да ми се суди повторно, за мене ова уште не е минато свршено време. Сегашноста ми е мене тешка на еден друг начин“, посочува Рамковска.
Рамковска посочи дека тие наоѓале пари за да го исплатат долгот, но една порака од екс премиерот Никола Груевски променила сè.
„Ние правевме обиди за да ги исплатиме, ги најдовме парите, се додека не стигнавме кај цифрата 9. Ние имавме пријатели, партнери, бизнисмени со кои комунициравме, тие беа спремни и со 9 да ни помогнат. На еден од нашите блиски, му пристигна порака од Никола Груевски да се тргне, со каков речник, на кој начин и со кој зборови јас не сум сигурна, но човекот се повлече. Тука веќе ги исцрпивме ние можностите да најдеме било каква сума, затоа што веќе беше јасно“, изјави Рамковска..