ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Седумнаесет години од смртта на великанот на македонското глумиште -„царот“ Ѓорѓи Колозов

October 13, 2020 22:33
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешен ден пред 17 години, македонската културна сцена го изгуби великанот, глумецот  Ѓорѓи Колозов. Тој, и неговата сопруга Шенка беа нераскинлив и препознатлив дел од Македонските народни приказни, остави зад себе бројни интерпретации што ќе останат запаметени од помладата, но и повозрасната публика.

Како одбележување на 17-годишнината од смртта на Колозов, глумицата и негова сопруга, Шенка Колозова сподели на својот профил епизода од „Еурека“ посветена на Константин Сергеевич Станиславски – руски режисер, актер и основач на Московскиот художествен театар, во кој го афирмира сценскиот реализам, a во која токму Колозов зборува за своето актерско доживување.

Ѓорѓи Колозов е роден на 26 февруари 1948 во Богданци, а почина на 13 октомври 2003 во Скопје.

Ќе остане запаметен по неговите извонредни толкувања на многу ликови од народно творештво како цар, кадија, чорбаџија, селанец, па дури и како Господ. Уживал популарност и во македонската дијаспора, во Австралија, САД, како и во соседните држави на Балканот.

Дипломирал на Академијата за драмска уметност (денес Факултет за драмски уметности), на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 1973 година.

о дипломирањето, тој е во постојан работен однос со Македонскиот народен театар.

Неговата популарност била резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска ТВ-серија „Македонски народни приказни“ засновани на збирката народни преданија издадени во XIX век од собирачите на македонски народни умотворби како Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓија Пулевски и други. Овие приказни имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, националната историја и за правото и моралот на Македонците.

Почнувајќи од 1984 година, со серијата која првично била насловена како „Легенди и преданија“, па од 1986 до 2003 година како телевизиска серија „Македонски народни приказни“ во продукција на МРТ, имал снимено околу 300 епизоди.

Во Драмата на Македонскиот народен театар се вработил во 1975 г. На оваа сцена имал остварено позначјани улоги во претставите: „Од многу ум“, „Андрокле и лавот“, „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Воена тајна“, „Мрестење на краповите“, „Слободни врски“, „Валпургиска ноќ“, „Рекламна бајка“ и други.

Настапил во повеќе играни филмови како во македонска продукција така и во продукција на Вардар Филм во периодот на поранешна СФРЈ, меѓу кои: „Македонскиот дел од пеколот“, „Тетовирање„ и други.

Во 2016 година од страна на Државниот архив на Република Македонија биле објавени документи според кој Ѓорѓи Колозов бил следен од страна на Управата за државна безбедност во времето кога бил студент. (Википедија).

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk