ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Во Викендот без ДДВ остварен промет над 500 милиони денари, двапати поголем од претходните три дена

October 13, 2020 16:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Двапати поголем промет е реализиран во изминатиот викенд, кој беше Викенд без ДДВ во однос на трите денови пред тоа, односно на 7,8 и 9 октомври. Согласно податоците од Управата за јавни приходи во деновите 10, 11 и 12 октомври кога се спроведуваше мерката од четвриот пакет Викенд без ДДВ, прометот изнесува 526 милиони денари, а враќањето на ДДВ кон граѓаните за купени македонски производи, услуги и компјутерска опрема досега е 63,4 милиони денари.

Ова, како што информираат за МИА од УЈП, е согласно скенираните сметки преку апликцијата Мој ДДВ, која беше приспособена за реализација на оваа мерка.

-Согласно овие податоци  вкупниот промет од македонски производи во деновите без ДДВ на 10,11 и 12 октомври , споредено со претходните три дена на 7,8 и 9 октомври  е зголемен двапати, оценуваат од Управата за јавни приходи. 

Оттаму очекуваат измени до завршување на рокот за скенирање на фискалните сметки, бидејќи фискалните сметки од Викендот без ДДВ се скенираат во рок од три дена по издавањето на сметката, што значи дека сметките издадени на 10 октомври може да ги скенираат заклучно со денеска, сметките од 11 октомври се скенираат заклучно со утре, односно 14 октомври 2020 година и сметките издадени на 12 октомври се скенираат заклучно со 15 октомври.

Викендот без ДДВ, е мерка од четвртиот пакет антикризни мерки во која граѓаните имаа можност да купат македонски производи и услуги и компјутерска опрема при што ќе им биде вратен целосно пресметаниот ДДВ.

Секој граѓанин можеше во овие три дена да добие поврат на целиот ДДВ за направен вкупен промет до 30.000 денари. За тоа требаше да ги земе фискалните сметки и во рок од три дена од издавањето на сметката да ја скенира преку апликацијата Мој ДДВ. За да се реализира целиот поврат на фискалната сметка производите треба да бидат раздвоени и означени како македонски.

За прометот над 30.000 денари што го оствариле граѓаните во овие три дена важат воспоставените правила за поврат на 20 отсто од платениот ДДВ за домашните производи и услуги и 10 отсто за странските, а повратот ќе се врши по истекот на тримесечјето.

Парите од пресметаниот ДДВ за прометот во Викендот без ДДВ на граѓаните ќе им бидат вратени до крајот на месецот на нивната трансакциска сметка.

Целта на оваа мерка, која претставува и почеток на реализација на четвртиот пакет антикризни мерки вредни 470 милиони евра, е да им се даде можност на граѓаните да извршат целосен поврат на данокот на додадена вредност за прометот реализиран преку фискални сметки  издадени за периодот 10, 11 и 12 октомври.

Проценките се дека со оваа мерка кај граѓаните ќе се слеат 17.000 милиони евра, а целта е да се поттикне прометот на домашни производи и услуги, како и заради зголемена дигитализација на нашето општество.

Оваа мерка можеа да ја искористат  околу 350 000 граѓани кои се регистрирани  во системот на Управата за јавни приходи за скенирање фискални сметки.

Next Post

Одбиена тужбата на Вилма Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk