Бројката на заболени и хоспитализирани поради Ковид-19 расте. Не смееме да дозволиме нашиот здравствен систем да не е во состојба да му овозможи нега секому кому е тоа потребно затоа што капацитетите се искористени, порача вечерва министерот за здравство Венко Филипче во објава на социјалната мрежа Фејсбук.
Почитувањето на мерките, носењето маска и држењето дистанца остануваат најдобри начини сите да помогнеме тоа да не се случи, истакнува Филипче, по објавата на најновата статистика според која во последните 24 часа се направени 2441 тестирања, а регистрирани се 445 нови случаи на Ковид-19 во државава.