ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Никол Јункерман, револуционерка во светот на бизнисот, експертка за криптовалути

October 14, 2020 21:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во бизнисот се работи за револуции. И за страст “ – гласи девизата на Никол Јункерман, една од најинтересните жени во светот на бизнисот. Оваа русокоса и шармантна убавица е една од најкреативните претприемачки на модерното доба. Многумина, кога ќе ја видат, мислат дека е актерка, манекенка или личност од музичката естрада, но таа е успешна деловна жена. За оние што ги заинтригира нејзината појава, добро е веднаш да се каже дека од 2017 година е во среќен брак со дваесет години постариот италијански гроф Фердинандо Перети, со кого има ќерка.

Никол Јункерман е меѓународна претприемачка и инвеститорка. Таа го основа NJF Holdings, меѓународна инвестициска компанија со интереси за ризичен капитал, приватен капитал и недвижнини. Преку главната секција на NJF (NJF Capital), Никол го надгледува портфолиото низ цела Европа и САД со фондови за вложување, вклучително и во здравството, финтекот и длабоката технологија.

„Брзиот напредок во технологијата, глобализацијата, дигитализацијата и сега, пандемијата, доведоа до важни пресвртници во историјата на дигиталното финансирање. Карантините и недостатокот од печатени пари го привлекоа вниманието кон неефикасноста и цената на конвенционалните пари, мотивирајќи голем број луѓе, вклучувајќи ги и новите корисници, кон криптовалутата. Во јули, Форбс објави дека Биткоин со скокот на над 11.000 УСД за еден биткоин, предизвикан од бумот во трговијата на мало. Глобалната студија за крипто-средства, објавена во септември 2020 година од Универзитетот на Кембриџ, бележи 101 милион корисници на криптовалути ширум светот“ – пишува Јункерман за реномираниот британски бизнис магазин „Бизнис лидер“.

„Крипто-валутите, кои се дизајнирани да бидат безбеден вид на електронска готовина, постојат виртуелно и се потпираат на peer-to-peer системот; што значи дека нема централна банка или влада да управува со системот или да зачекори ако нешто тргне наопаку. Како што преминуваме во сè поголема дигитална ера, иднината на криптовалутата станува сè поважна. Според главниот економист во ДБС, Таимур Баиг, криптовалутите се очекува да забележат „пандемично забрзување на усвојувањето“. Така DBS банка со седиште во Сингапур ја опишува моменталната состојба на дигиталните средства во својот квартален извештај за криптовалутите објавен во август 2020 година“ – објаснува Никол Јункерман.

„Направив низа инвестиции низ просторот на FinTech, од кои едната е во blockchain.com. Оваа инвестиција беше совршена можност да ми дозволам да влезам на пазар на кој чувствував дека има вистински потенцијал за раст, но со поддршка на платформа за размена, можев да направам краток извештај за тоа како се развиваат вистинските одделни крипто-валути прекувремено“ – открива Јункерман.

Next Post

Филипче на Твитер: Маска, дистанца, дезинфекција - толку е твитот

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk