ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Здружението на музичари бара итна средба со институции и ревизија на протоколите за да можат повторно да работат

October 14, 2020 13:25
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Итна средба со сите релевантни институции, ревизија на сите протоколи кои се однесуваат на музичарите со цел нивна измена и дополнување, месечни состаноци со Комисијата за заразни болести и поголема застапеност на македонските музичари во медиумите побара денеска Здружение за унапредување на правата на музичарите „Музика – сега“.

Од Здруженито велат дека за сите протоколи предложени од Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на музичките настапи не биле контактирани ниту еднаш.  Според нив, ограничувања за музиката изразени во децибели се смешни, и појаснуваат дека голем дел од музичарите во земјава се на работ на егзистенција.

Како што велат, потребно е веднаш да се преземат мерки за да можат да работат.

-Бараме итна средба со сите релевантни институции на која ќе бидат продискутирани сите актуелни проблеми на целата фела, и ќе пробаме заеднички да изнајдеме механизми за помош и поддршка од Владата, а притоа ние како Здружение, заедно со сите негови членови, односно разни групи и музички проекти од коишто сме дел, ќе се понудиме да помогнеме и да организираме музички настани ширум целата држава, при што би биле опфатени сите музички правци и со правична застапеност на сите етникуми во Македонија, за кои секако музичарите би добивале хонорари со кои ќе можат да ги преживеат следните четири/пет месеци, додека гледаме рестриктивните мерки и протоколи се заоструваат, рече на денешната прес-конференција претседателот на Здружението, Трајко Симоновски.

На овој начин тој верува дека ќе можат да го одржат и постојано да го креваат нивото на култура, во соработка со постоечките и функционални Домови на културата и општините во кои би се одржувале овие настани.

Од Здружението бараат и итна ревизија на сите протоколи што се однесуваат на музичарите, за кои како што велат, во најскоро време ќе предложат измени и дополнувања на веќе постоечките протоколи и мерки.

Според нив, и Комисијата за заразни болести барем еднаш месечно треба да одржува состанок со музичките здруженија каде би присуствувале максимум по еден до две претставници од секое здружение, на кој би се разгледувале тековните и актуелните проблеми.

-Искрено се надеваме дека може и ќе продложиме до Владата и Министерството за култура да се одвојува дел од годишните општински буџети за организирање на музички настани на територијата на цела држава, а исто така и децентрализација на буџет преку Министерството за култура кое смета дека треба да биде наш заштитник, поддржувач и помагател на сите проекти кои вредат и заслужуваат да бидат претставени пред јавноста на крајот на краиштата овие органи треба да постојат за унапредување на културата, културно издигнување на индивидуалецот, посочи претседателот на Здружението.

Од „Музика – сега“ бараат и поголема и правична застапеност на македонските музичари во медиумите, поточно во електронските медиуми, тв, радио, каде ќе можат да остваруваат за неколку проценти поголеми приходи од Здружението за заштита на авторски права, средства кои би помогнале во дополнително инвестирање во музиката, нова опрема, снимање на албум, видео запис.

Next Post

Во Викендот без ДДВ констатирани 15 прекршоци кај трговците во однос на цените

EVN

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

January 27, 2026

Бовино и дел од агентите на Граничната патрола се повлекуваат од Минеаполис

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk