ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Утре ќе бидат разгледани нови мерки како рестрикции во јавен превоз и ограничена работа на угостителски објекти

October 15, 2020 20:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ова не е нешто што не го очекувавме, и ние и европските земји. Секаде расте бројот на новодијагностицирани изјави министрот за здравство Венко Филипче на Сител.

Филипче рече дека на утрешниот состанокот ќе се дискутира за можни нови мерки кои би вклучувале рестрикции во јавниот превоз, ограничување во работата на угостителски објекти, економски субјекти и компании и секаде каде што постои ризик. Дел може да бидат во некои општини, и некои да важат и за цела држава. Ќе се дискутира и дали да се ограничи движењето навечер, но, лично смета дека во овој момент е рано зашто, како што рече, има простор се уште да се почитуваат мерките преку ден за да нема голем пренос на вирусот.

– Иако и тое е апсолутно мерка која во даден момент може да биде предложена. Гледаме дека забрзано се исполнуваат капацитетите и согласно со тоа може да предложиме дополнителни рестрикции. Живееме со вирусот, така е во цела Европа. Доколку се почитуваа рестриктивните мерки, немаше да биде ваков скок на новозаразени и свесни сме дека ако тие мерки не се почитуваат, треба дополнителни рестрикции. Доколку има потреба од итност, ќе најдеме и такво решение. Утре ќе ги анализираме податоците од прашалниците, начинот на трансмисија, тежината на болеста на новодијагностицираните и врз основа на тоа ќе донесеме одлуки. И овие мерки кои сега чекаат законски измени, законот е следната недела во Собрание, се дел од нашиот план – со заострување на тие рестрикции да го ублажиме овој скок на заразени лица, рече Филипче вечерва откако Министерството за здравство соопшти за нов негативен рекорд со 535 нови случаи со КОВИД-19 во изминатите 24 часа.

Доколку се преполни „8 Септември“ подготвени се, рече, да пренаменат и други капацитети за оваа болница да не стане КОВИД-центар и за да може да функционира вообичаено. Одговорно тврди дека место на Инфективна има – во модуларната или во одделенијата на самата Клиника, има подготвен персонал и дека ниту еден пациент не смее и не се одвраќа.

Рече дека не недостасуваат доктори и сестри, има списоци за ротации на медицнски персонал, а ќе се вклучат студенти од шеста година за да им помагаат на епидемилозите во правење на анкетите.

-На секој на кој му е потребна брза дијагностика може веднаш да дојде во болница, тука има брзи тестови, а исто така и на Институтот за јавно здравје. Секојдневно ги пратиме термините, дополнително дополнуваме таму каде што се потребни, верувам дека со брзите тестови ова значајно ќе се смени, рече Филипче.

За чекањето  по неколку дена за тестирање кое го закажуваат матичните лекари рече се очекува да се надмине со брзите тестови и најави донација на 7500 кои треба да дојдат во наредните десетина дена, а исто така ќе се набавуваат и со заем од Светска банка.

За училиштата засега не се размислува за предвремен зимски распуст, зашто е мал бројот на заразени деца во градинки и училипшта и во изолација се одреден процент. Но може, рече, да се смени функционирањето на наставата со физичко присуство само за одредена општина според епидемилошката состојба.

-Но секако ќе се земе предвид ако сериозно се зголеми бројот, посебно ако некој регион или општина сметаме дека е во ризик во делот на функционирање на училиштата. Засега не. Сепак размислуваме за овие други мерки како дополнителни во однос на рестрикција во јавниот превоз, а секако и училиштата таму кај што треба, додаде министерот за здравство.

Во однос на смртноста, посочи дека најголем дел, над 85 отсто од починатите, имале други болести и на возраст над 60 години и дека таа е најкритична и најризична група. Има и пациенти кои доцна доаѓаат во болница и со лоши параметри и веднаш треба да се приклучат на респираторна машина.

Доколку се почитуваа мерките и протоколите немаше да има ваков замав, рече Филипче.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk