ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Ковид-19 во светот: Втор ден по ред алармантни бројки на новозаразени, предвидувањата за есенскиот бран се остваруваат

October 15, 2020 19:22
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 38.947.653 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.099.641 пациенти, а оздравеле 29.239.129 луѓе.

– Во Бугарија во последните 24 часа се потврдени 819 случаи на коронавирус. Тоа е првпат во оваа земја бројот на новозаразени со Ковид-19 да надмине 900. Вкупниот број на инфицирани во Бугарија изнесува 26.593. Денешната бројка на смртни случаи изнесува шест луѓе, а од почетокот на пандемијата се починати вкупно 929.

– Во последното деноноќие во Словенија се потврдени нови 745 заразени лица со коронавирус, а едно лице почина. Со тоа вкупниот број на заразени во земјата изнесува 10.683, соопшти Министерството за здравство. Од минатиот петок во Словенија во сила се нови строги мерки во седум од 12 покраини, кои веќе се наоѓаат во опасна „црвена“ зона.

– Во Косово во последните 24 часа не почина ниеден заразен од Ковид-19, така што бројката на жртви на епидемијата останува 650. Вчера се регистрирани 77 новозаразени и 59 излекувани, а од појавата на пандемијата коронавирусот е откриен вкупно кај 16.502 лицa, од кои како излекувани се водат 14.519 случаи. Активни носители на вирусот моментно во Косово се 1.333 лица. Вчера се извршени 649, а од почетокот на пандемијата 77.272 тестирања со методот РТ-ПЦР.

– Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Русија се зголеми за 286 во изминатите 24 часа, што е најголем дневен пораст од почетокот на пандемијата. Досега во земјата се починати вкупно 23.491. Во последното деноноќие се регистрирани 13.754 нови лица заразени со коронавирус. Вкупно 1.354.163 лица се заразени од коронавирус, покажуваат податоците на оперативниот штаб за борба против Ковид-19. Од почетокот на пандемијата во Русија се оздравени 1.048.097 пациенти.

– Во Холандија се потврдени нови 7.791 случај на коронавирус, што е најголем број на заразени во еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти холандскиот Институт за јавно здравје. Поради зголемениот број на инфицирани лица, холандската Влада донесе одлука за воведување делумен карантин со цел да се забави ширењето на заразата, која стапува во сила од денеска. Во Холандија од почетокот на пандемијата од Ковид-19 заболеле 203.954 луѓе.

– Во Италија во последните 24 часа се потврдени рекордни 8.804 новозаразени со коронавирус. Тоа е голем пораст во однос на вчера, кога беа 7.332. Бројот на починати во последното деноноќие изнесува 83 лица.

– Во Црна Гора во последните 24 часа се регистрирани 211 новозаразени и четири смртни случаи, соопшти Институтот за јавно здравје. Најголем број новозаразени и понатаму се од Подгорица – 93./МИА/

Next Post

Утре без струја делови од Центар, Сопиште и Чучер Сандево

Најново

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Викенд хороскоп со Анаис: Експанзија на срцето под сјајот на Лавот (25-26 април 2026)

April 24, 2026

Нападите од Трамп и Русија ја обединија Италија зад Џорџа Мелони

April 24, 2026

Македонија е избришана од агендата на ЕУ

April 24, 2026
Фото: Фронтлајн

СДСМ бара итно запирање на сите градежни активности во Кисела Вода по трагедијата на градилиштето во која загина едно лице а 4 се повредени

April 24, 2026

Тошковски од Атина: Заеднички и координиран одговор на криминалот и тероризмот – зајакната соработка со Грција

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk