ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Вештакот Весна Антиќ за „Монструм“: Земјата од Смилковско Езеро и од возилото е анализирана, не е вештачена

October 16, 2020 13:37
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и од возилото „Опел Омега” најдено во местото Враживир, непосредно по петкратното убиство и денеска беше тема во рочиштето за случајот „Монструм”.

Според вештакот Весна Антиќ, кој во 2012 година бил главен инспектор за хемиско испитување при МВР, за овој случај не било направено вештачење, туку само анализа каде е констатирано дека примероците од земјата се совпаѓат едно со друго.

– Ниту едно вештачење на земја немам направено. Земјата од Смилковско Езеро и од возилото е анализирана, не е вештачена. Не сум имал задача од претпоставен. Има разлика меѓу анализи и вештачења. Вештачењето е нешто поголемо од вештачење, изјави вештакот Антиќ.

Одбраната на обвинетите за овој предмет пак во своето излагање изрази сомневање за целата постапка врз вештачењето на земјата.

– Овој вештак нема направено вештачење, туку само анализа за кое немаме никаков записник, ниту извештај од нејзина страна. Вештакот рече дека анализата е направена од две примероци и тие се скенирани, но на 20 април 2012, а не на 14 како што збореше цело време. Само датата кажува дека анализата е направена после вештачењето на вештакот Снежана Николовска. Ова кажува дека се работи и за уште еден фалсификат. За ова сме должни да поднесме две кривични пријави, а не само една како што најавивме, изјави адвокатот Насер Рауфи.

Претходно на ова рочиште свој исказ даде сведок кој произлеле од „бомбите”, каде тој се слуша како се прашува дали нешто знае за тоа што се случи на Смилковско Езеро, вечерта на 12 април 2012. На прашање на одбраната тој истакна дека зборел со сопартиец и дека не знае ништо дополнително за овој случај.

Судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, според најавите на обвинителство е при крај, односно за крактро време тие ќе ги дадат завршните зборови за овој судски предмет кој со одлука на Врховниот суд е на потвроно одлучување.

Како главен судија за овој предмет е назначен судијата Огнен Ставрев. Додека застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Next Post

Задолжителен приклучок на парно на новите згради е прифатливо за Градежната комора

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk