ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

ВМРО-ДПМНЕ бара европски стационар, Шилегов – Лајка е еден сосема поинаков концепт во третманот на бездомни животни по високи европски стандарди

October 16, 2020 11:39
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Градоначалникот на Град Скопје манипулира со целата јавност и со друштвата за заштита на животни кога вели дека со отворањето на така наречениот стационар ЛАЈКА ќе го реши проблемот со кучињата скитници на територијата на Градот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека Градоначалникот манипулира со јавноста и дрско лаже дека проблемот со бездомните кучиња е решен, како што самиот се пофали дека ова е само едно привремено живеалиште на бездомните кучиња, таму ќе се стерилизираат и потоа повторно ќе бидат пуштени на улицата

Постојат големи сомнежи со ова  партиско јавно претпријатие Лајка, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за кое сме сигурни дека е отворено парење на пари и за се останато освен на професионален стационар и третман на бездомните животни и решавање на долгогодишниот проблем во кој се соочува нашата метропола. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека на Скопје му треба стационар како во Европските Метрополи.

„Лајка“ не е само објект, тоа е еден сосема поинаков концепт во третманот на бездомните животни, истакна градоначалникот Шилогов на отворањето на стационарот за кучиња Лајка.




Со отворањето на новиот објект на стационарот за кучиња и спроведувањето на новата програма, ЈП „Лајка“ ќе биде првата алка во синџирот за хумано решавање на проблемот со кучињата скитници, како и намалување на нивниот број на скопските улици, информираат од Град Скопје.

„Градот Скопје е меѓу ретките градови, единствен во регионот кој заради посветеноста на овој проблем има сопствено јавно претпријатие, не сме веќе дел од „Комунална хигиена“ и во коешто ќе работат обучени луѓе. Капацитетот на објектот е некаде околу 100 кучиња, станува збор за убедливо најдобрите стандарди што се пропишуваат во оваа област. Секој од кафезите, односно целиот објект е со подно греење со цел на животните да им обезбедиме комоција, секој дел е засебен, тргнати се прифатилиштето и тргнато е приемното одделение. Можете да ги видите амбулантата, операционите сали, собата за интензивна нега, собата за постоперативен третман и карантинскиот дел и се надевам дека „Лајка“ ќе стане центар за вдомување на кучиња и ред други работи кои подразбираат еден многу повнимателен и поодговорен однос со овие животни – потенцира Шилегов, на отворањето на новиот стационар.

Тој додаде дека „Лајка“ ќе биде многу повеќе од обичен стационар, односно ќе значи дом за сите овие кучиња кои по игра на судбината немаат друг дом. Исто така, дека во блиска иднина „Лајка“ ќе значи истовремено и занемарливо мал број на кучиња на улиците што ќе води речиси до нула каснувања за луѓето.

Новиот концепт за третман на кучињата скитници не значи само ново ЈП и нов објект, туку воспоставување на систем на контрола на нивната популација која ќе подразбира вклучување на повеќе општествени чинители.

Ј. Ѓ.

Next Post

Пладневен преглед на вести: Дезинформации на дел од медиумите за автомобилската несреќа на Нешковски, колумна „Само мртов комуњара е добар комуњара“?!

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Ејџизмот и како ставот кон возраста го скратува или продолжува животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што знаеме досега за убиството во Минесота од страна на ICE – што тврди администрацијата на Трамп, а што покажуваат снимките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто прозорците во Холандија речиси никогаш немаат завеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лилит низ хороскопските знаци – сенката што зборува различно кај секого

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk