ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

360 степени: Подготвува ли ВМРО-ДПМНЕ бојкот на изборите за градоначалник на Штип?

October 17, 2020 10:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според Александар Пандов, опозицијата нема да учествува на изборите ако нема услови за нормална кампања, додека претходно Никола Тодоров излезе со сомневања дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги избегне дополнителните избори за да не доживее уште еден пораз, пишува „360 степени“

Александар Пандов, кој неодамна беше именуван за раководител на новоформираниот Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ, најави можен бојкот на опозицијата на дополнителните избори за градоначалник на Штип, доколку, како што рече, нема услови за одење врата до врата, односно за кампања.

„ВМРО-ДПМНЕ посакува предвремени избори во Штип, но мора да напоменам само ако има нормални услови за функционирање. Ако изборите се регуларни, сто отсто сум сигурен дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Но, ако се повторат ситуации како претходно, на пример, сите од ВМРО-ДПМНЕ да ги затворат дома, а тие да делат рушвет низ градот и ако нема услови за нормална кампања, да отидеме од врата на врата, тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на такви избори“, рече Пандев во гостување на Канал 5.

Пред извесно време, сомневања за можен бојкот на ВМРО-ДПМНЕ во Штип изнесе и ексминистерот за образование Никола Тодоров, кој сега е меѓу поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои бараат оставка од сегашното раководство, поради поразот на парламентарните избори.

Дополнителните избори за градоначалник на Штип, кој би имал мандат од неполна година – до редовните локални избори, се распишани откако доскорешниот градоначалник Благој Бочварски беше избран за министер за транспорт и врски. Првиот круг од изборите за градоначалник на Штип, како и на Пласница, ќе се одржи на 13 декември, така што кандидатите би требало да бидат познати најдоцна еден месец претходно.

 

Next Post

Ако сметките за струја се повисоки од реалната потрошувачка, граѓаните да достават жалби до РКЕ

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk