Со забрзана динамика Општина Аеродром предводена од СДСМ и градоначалникот Златко Марин ги реализира капиталните инфраструктурни проекти во општината, истакна на денешниот прес Соња Фортуманова од ОО СДСМ Аеродром.
„Деновиве интензивно се работи на изградба на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче и до Нова година се очекува да биде комплетно завршена една фаза.
Конечно, учениците од наредната година ќе можат да учат во целосно нов објект.
Новото училиште е со површина од 2.840 квадратни метри и со капацитет од 700 ученици, со организирана настава во две смени. Ќе биде опремено со најсовремени кабинети, простории за дневен престој, кујна и простории за наставниците.
Во изминатиот период ја реконструиравме и спортската сала во ова училиште.
Ова е уште една потврда дека и во услови на пандемија го решаваме долгогодишниот проблем со ова училиште и го исполнуваме дадениот збор пред граѓаните.“, рече Фортуманова