Во САД, првпат по 70 години, ќе биде егзекутирана жена, која е осудена на смрт на сојузно ниво, соопшти американското Министерство за правда.
Пресудата ќе биде извршена на 8 декември. Осудената Лиза Монтгомери е прогласена за виновна поради свирепото убиство на бремената Боби Џо Стинет во 2004 година. Монтгомери ја убила Стинет и од незината утроба пота го извадила осумесечното неродено бебе. Бебето подоцна е спасено.
Егзекуцијата ќе биде извршена со смртоносна инјекција во американската сојузна држава Индијана.
Егзекутиран ќе биде и Брендон Бернард, кој во 1999 година, заедно со соучесници, уби двајца политичара.
Ј. Ѓ.