ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Јованова-Грујовска: Проблемот е измислен, македонскиот јазик е реалност и таа тема е за нас завршена

October 19, 2020 13:51
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот јазик е реалност, уставна категорија и тука нема дискусија. Нема потреба да си го губиме нашето време и нашата енергија како научници да објаснуваме нешто што светската лингвистика веќе го прифатила. Македонскиот јазик е признат во сите славистички  и во сите лингвистички центри во светот и се проучува на многу универзитети во светот, изјави Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ одговарајќи на новинарски прашања за став на оваа научна установа во однос на негирањето од страна на Бугарија.

Рече дека Институтот нема потреба да дефинира „црвени линии“ кога тие веќе постојат. зашто со првата  изјава од Бугарија во декември лани, кажале дека тоа се измислени прашања. Смета дека се работи за инцидентни барања наметнати од дел од бугарски лингвисти кои се користат во дневна политика, посочувајќи дека како лингвист учествувала на бугарски конференции во минатотото и дека немала проблем притоа да се обрати на македонски јазик.

На прашањето како македонските лингвисти, сепак, ќе одговорат на провокациите од источниот сосед по тврдењата дека македонскиот е дијалект на бугарскиот јазик, Јованова-Грујовска одговори – со најновите лексикографски трудови од илјада страници промовирани токму годинава, во кои е опфатен историскиот развој од 9 до 21 век со прилози и од голем број странски лингвисти за кои е неспорно постоењето на македонскиот јазик т.е., како што рече, „коишто објаснуваат преку своите трудови дека не постои прашање за постоењето на македонскиот јазик“.

– Преку илјада страници ние го дадовме нашиот научен одговор. Таа тема за нас е завршена. Време е за македонистички конгрес, да ги донесеме овде, меѓутоа да помине пандемијата, рече директорксата.

Посочи дека годинава одбележуваме 75 години од кодификацијата на современиот македонски јазик што е поврзано со создавањето на државата, но дека тој има своја историја и во делата на преродбениците во 19 век, а кодификацијата ја почнал уште Крсте Мисирков во 1903 година.

Во врска со условувањата за влез во Европската Унија, Јованова-Грујовска смета дека Унијата е комплекс од држави коишто функционираат со демократски правила и каде што секој поединец има право да зборува на својот мајчин јазик.

– Во ЕУ се гарантира правото на определување секој да зборува на својот мајчин јазик. И затоа јас мислам дека нема да биде никаков проблем. Тука зборуваме за измислен проблем кој го наметнаа дел од бугарските лингвисти, додаде директорката на Институтот.

Next Post

Кривична пријава за сопственикот на објектот кој ги угостил свадбарите од Глумово

НАЈНОВО

Буџет со повеќе прашања отколку решенија

November 14, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

November 14, 2025

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фатјон Софта: Северна Македонија, Косово и Албанија – под закана од тајни саботажи и дезинформации од Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk