Продолжува трендот на крадење украсни цвеќиња и саксии од јавни места, овојпат во скопско Дебар Маало.
На безбедносните камери на кафе бар „Радио бар“ фатен е чинот на кражбата, во кој се гледа како една повозрасна жена со кратка коса се паркира со бел автомобилот близу кафе барот, и подига и носи голема саксија, тешка најмалку 20 килограми.
Ова е трет ваков случај изминатава година кој е фатен на безбедносна камера, а во сите случаи, крадците се жени.
Во јули снимена е жена како краде саксија од тротоар пред охридско казино, а само неколку дена пред тој случај, три жени се снимени како корнат цвеќе од жардиниера пред трговски објект во Кичево.
И.Е.