ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Министерката Шахпаска додели признанија за најдобро рангирани компании согласно Националната награда на компанија со најдобра пракса за БЗР

При доделувањето на признанијата на Компаниите со најдобра пракса на безбедност и здравје при работа, Министерката Шахпаска ја истакна исклучителната важност на безбедноста и здравјето при работа, на креирањето и успешната имплементација на политики и системи на безбедност и здравје на работното место, културата на превенција, како теми и области кои се од особено значење и кои се несомнено мошне актуелни, како во нашата држава, така и пошироко.

October 20, 2020 18:42
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска ги додели  плакетите на трите најдобро рангирани компании во нашата држава согласно Националната награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа 2020 година. Притоа, изборот го организира националниот Совет за безбедност и здравје при работа, со поддршка од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Согласно резултатите од работата на комисиите и оценувањето, добитници на признанијата оваа година се компаниите: ГД Гранит, АД – Скопје, Млекара, АД – Битола и Макстил, АД – Скопје.

При доделувањето на признанијата на Компаниите со најдобра пракса на безбедност и здравје при работа, Министерката Шахпаска ја истакна исклучителната важност на безбедноста и здравјето при работа, на креирањето и успешната имплементација на политики и системи на безбедност и здравје на работното место, културата на превенција, како теми и области кои се од особено значење и кои се несомнено мошне актуелни, како во нашата држава, така и пошироко.

„Законот за безбедост и здравје при работа заедно со Законот за работни односи како два системски закони кои се комплементарни се закони на кои ќе се работи периодов кој следува, затоа што сакаме  да ги изградиме согласно највисоките европски стандарди почитувајќи ги препораките на МОТ и експертизата на стручните лица“, истакна Шахпаска.

Министерката истакна дека ова прогласување и доделување на наградите на компаниите го реализираме во текот на Европската недела за безбедност и здравје при работа (од 19 до 23 октомври оваа година) и со тоа, заедно со сите останати европски земји, земји-членки на ЕУ и кандидати за членство во Унијата, и нашата држава рамноправно се вклучува во одбележувањето на овие значајни датуми кои се целосно посветени на подигнувањето на свеста кај сите субјекти за прашањата поврзани со безбедноста и здравјето при работа.

Таа се осврна и на темата која ќе биде во фокусот на претстојната двегодишна капања за БЗР, т.е. темата поврзана со мускулно-скелетните нарушувања.  Исклучително важна тема, за работниците, за компаниите, за безбедноста и здравјето при работа, како на меѓународно ниво, на ниво на Европската унија, така секако и кај нас.

„Мускулно-скелетни нарушувања  се 60% од причините за кои работниците се жалат и се причина за отсуства од работните места. Односно од пет  работници , тројца имаат вакви нарушувања. Ваквите мускуло-скелетни нарушувања се причина за сериозна загриженост, и тоа не само поради ефектот кој тие го имаат врз здравјето на директно засегнатиот вработен, но и поради ефектот и влијанието што го имаат врз производството и деловните процеси во компаниите, но и врз стопанството во целост“, истакна Шахпаска.

Министерката Шахпаска, им се заблагодари на присутните претставници од наградените компании, но и на сите останати компании, кои оваа година можеби не беа прворангирани и наградени, но кои се охрабрија и се пријавија за учество во овој избори и  изрази надеж дека од година во година ќе имаме и континуирано зголемување на бројот на компании кои ќе се пријавуваат на повикот за избор на компанија со најдобра пракса за БЗР.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk