Според последните информации, во Србија се потврдени 326 нови случаи на Ковид-19, а две лица починале.
Во последните 24 часа се тестирани 7.242 лица, вкупно 1.249.106 од почетокот на епидемијата.
Хоспитализирани се 441 лице, а на респиратори се наоѓаат 25 лица.
Стапката на смртност во Србија е 2,13 отсто, а до сега вкупно починале 780 лица.