ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

СДСМ: Борбата против коронавурусот е заедничка – сите дисциплинирано да ги почитуваме мерките

October 20, 2020 10:08
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ситуацијата со коронавирусот во целиот свет и кај нас, навистина е сериозна, бројот на новоинфицирани е голем и затоа е неопходно секој граѓанин да ги почитува постојните мерки за заштита – да носи заштитна маска, да држи дистанца и редовно да ги мие и дезинфицира рацете, стои во денешното соопштение на СДСМ за јавноста.

-Се очекува Собранието во најкус можен рок да ги донесе новите мерки, кои на предлог на Комисијата за заразни болести ги прифати Владата предводена од СДСМ,  кои предвидуваат носење маски на отворено, забрана за групирање на повеќе од 4 лица на отворено, како и домашни посети на повеќе од 4 гости во едно домаќинство.

Комисијата за заразни болести има подготвено дополнителен пакет рестриктивни мерки, кои вклучуваат ограничување на капацитетот на луѓе во јавниот превоз до 50%, целосна забрана за секакви настани, крај на работното време на сите економски оператори до 23 часот и препорака до целата државна и јавна администрација, општини и судови, работниот процес да се одвива во смени, онлајн од дома или по систем на ротации.

Со овие мерки се исцрпени сите можности на надлежните да го спречат ширењето на коронавирусот.

Токму затоа сите граѓани мора совесно и дисциплинирано да ги почитуваат мерките за заштита и ковид протоколите.

Само така може да го избегнеме црното италијанското сценарио, да го намалиме ризикот од преполнување на болничките капацитети.

Пандемијата го промени целокупното наше живеење, но немаме друг избор освен да се бориме со почитување на превентивните мерки – носење заштитна маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете.

Борбата против коронавурусот е заедничка борба на сите граѓани. Сите мораме да бидеме дисциплинирани, совесни и одговорни во почитувањето на мерките, стои во денешното соопштение.

Next Post
(Фото: СДК.МК)

Нормализирано водоснабдување по отстранување на вчерашниот дефект во Скопје

Shortcut

Најново

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

Хуманитарен концерт во Велес „Заедно за подобро утре“

August 21, 2026

ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

August 21, 2026
Министерот за здравство, Сашо Клековски, прес, 21 август 2026 (скриншот од видео на министерството за здравство)

Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk