ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Алармантно во Велес, расте бројот на починати пациенти кои биле заразени со ковид-19

October 21, 2020 16:35
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По денешната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Велес, градоначалникот Аце Коцевски на прес-конференција оцени дека епидемиолошката состојбата со Ковид-19 во велешко е алармантна, а вирусот е широко распостранет и голем дел од лицата кои се позитивни, не можат со сигурност да кажат од каде се заразиле. Вчера на пладне почина и 62-годишна жена од Велес, позитивна на ковид-19, која беше хоспитализирана на Инфективното одделение од Велешката болница. Со ова, досега има вкупно 20 починати од коронавирусот во Велешко.

Како што изјави Коцевски, некои изјавиле дека се заразиле во текот на патувањето до работното место, а други на работното место.

До 10:30 часот утрово во Велес се потврдени осум нови случаи, а тројца се оздравени. Се размислува Физикалното одделение да се пренамени за пациенти со Ковид-19.

„Во текот на изминатото деноноќие како последица од Ковид-19, во Општата болница – Велес за жал починаа тројца пациенти, двајца од Велес и еден од Свети Николе. Сериозна е состојбата во Велешката болница, каде доаѓаат пациенти со тешки симптоми, а капацитетот се исполнува. Се размислува Физикалното одделение да се пренамени за пациенти со Ковид-19, потенцира Коцевски.

На Инфективното одделение во болницата во Велес хоспитализирани се 35 пациенти, од кои 33 се потврдени позитивни случаи на Ковид-19, двајца се негативни, но имаат потешка клиничка слика. Од нив, 24 се од Велес, шест од Свети Николе, двајца од Градско, двајца од Демир Капија и еден од Неготино.

Позитивни на вирусот се и три медицински сестри од Инфективното одделение, еден вработен во анестезиолошката служба и еден работник во Општата болница – Велес.
Коцевски апелираше до жителите на Општина Велес да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од ширење на Ковид-19.

Во Велес, вкупниот број на заболени од Ковид-19 изнесува 446, од кои 322 се оздравени и 20 починати. Во моментот, 106 лица се водат како активни случаи, од кои 79 се на наоѓаат на домашно лекување, 24 се хоспитализирани на Инфективното одделение, двајца се лекуваат во Инфективната клиника во Скопје, двајца во Градската општа болница во Скопје, еден на Клиниката за ОРЛ и тројца во приватни клиники во Скопје.

Next Post

Раст на депозитите и на кредитирањето во септември

Shortcut

Најново

Илустрација: Укринформ

Украина ја менува динамиката на војната: Нервоза во Русија – масовното производство на дронови го запира руското напредување

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Кратово

Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

May 29, 2026

Биволот наречен „Доналд Трамп“ спасен од жртвување за Курбан Бајрам по виралната слава во Бангладеш

May 28, 2026

Шок во Париз: Јаник Синер сензационално елиминиран во второто коло на Ролан Гарос

May 28, 2026

Промоција на инклузивната сликовница „Големиот сон“ од хуманитарецот Денис Јанкуловски – Космонаутко во Кисела Вода

May 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk