ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Формиран Претседателски центар за политичко образование

October 21, 2020 16:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во насока на заложбите за јакнење на демократските политички вредности, промоција и заштита на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништво и солидарност, со одлука на претседателот Стево Пендаровски се формираше Претседателски центар за политичко образование.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Центарот за политичко образование е еден од клучните проекти во неговата програма за работа, кој ќе ги поврзе младите од различно потекло во рамки на повеќе едукативни настани со еминентни предавачи и обучувачи од земјата и странство.

 

-Целта е да го поттикнеме интересот кај младите за политиката и да се мотивираат да се вклучат, подобро да ја разберат и да ја практикуваат политиката на најдобар можен начин. Преку Центарот ќе ја промовираме културата на дијалог во духот на демократските вредности и ќе придонесеме за сеопфатно вклучување на политичкото образование во формалното и неформалното образование, истакна претседателот Пендаровски.

Со цел спроведување на активностите на Претседателскиот центар за политичко образование, како повремено работно тело на претседателот на Република Северна Македонија, е формиран Програмски совет составен од претседател, седум членови и секретар.

 

Како партнери во рамките на овој проект учествуваат фондациите и здруженијата : Фондација „Фридрих Еберт” – Скопје; Фондација за демократија на Вестминстер, подружница во Република Северна Македонија; Фондација „Конрад Аденауер”, подружница – Скопје, Национален демократски институт за меѓународни работи (НДИ), канцеларија во Северна Македонија, Меѓународен републикански институт (ИРИ), подружница – Скопје и Фондација „МК2025”.

Во работата и активностите на Претседателскиот центар за политичко образование можат да учествуваат сите здруженија и фондации од земјата и странство кои имаат основна цел да ја промовираат културата на дијалог во духот на демократските вредности, стои во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Next Post

Во Србија 512 нови случаи на ковид-19

Shortcut

Најново

Шок во Париз: Јаник Синер сензационално елиминиран во второто коло на Ролан Гарос

May 28, 2026

Промоција на инклузивната сликовница „Големиот сон“ од хуманитарецот Денис Јанкуловски – Космонаутко во Кисела Вода

May 28, 2026
Generated by pixel @ 2026-05-

Пад на акциите на Ферари по промоцијата на првиот целосно електричен автомобил „Luce“

May 28, 2026
Фото: Влада

СДСМ: Прославата на независноста не смее да биде параван за приватизација на културата

May 28, 2026

МВР: Со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, со задолжителна четири часовна претходно помината теоретска обука

May 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk