Според последните информации во Србија се забележани 512 нови случаи на Ковид-19, а починало едно лице.
Во последните 24 часа се тестирани 7.425 луѓе, вкупно 1.256.531 од почетокот на пандемијата.
Хоспитализирани се 490 лица, а на респиратори се наоѓаат 27 пациенти.
Стапката на смртност во Србија изнесува 2,10 отсто.
Претходниот рекорд во Србија е забележан на 26 јули кога се забележани 467 заразени.