ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

META: Центарот за демократска транзиција предлага при пописот во Црна Гора да не се прибираат податоци за нација, религија и јазик

October 21, 2020 22:29
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за демократска транзиција ја започна иницијативата во црногорскиот попис да се отфрли старата пракса на прибирање податоци за етничка (национална) и религиска (не)припадност, како и јазикот на кој граѓанинот зборува. Целта на овој предлог е да се прекине досегашната пракса и застарениот начин на којшто се сфаќа суштината на пописот, објави Мета.

„Претходниот начин на спроведување на попис не е нелегитимен, но сметаме дека е застарен, па затоа сакаме да понудиме алтернативен начин на размислување за едно поинакво сфаќање на суштината на пописот. Нашата иницијатива е во согласност со идните обврски на Црна Гора кон ЕУ кои подразбираат пописот да се спроведе без изјаснување на граѓанинот, бидејќи досегашниот конвенционален начин на прибирање и обработка на податоци е застарен и помалку сигурен“ потенцираат од ЦДТ.

Оттаму велат дека Владата во текот на мандатот 2016-2020 година почнала активности во овој правец, но не се завршени на време, па поради тоа и овој попис ќе се спроведе на стариот начин.

„Пописот е и треба да биде статистичка акција што ги олеснува, поддржува и насочува државните политики и не се спроведува, како што често се мисли, со цел да се декларираат граѓаните за религијата, нацијата и јазикот. Ние веруваме дека клучната цел на собирање податоци за етничка, религиозна или јазична припадност е спроведување етно-националистички партиски политики и продолжување на манипулацијата со чувството за национална и верска припадност на граѓаните“ истакнуваат од организацијата.

Спроведувањето на пописот според воспоставената пракса би значело и продолжување на политиката на уништување на социјалното битие на Црна Гора во верски и национални рамки и понатамошно оддалечување од принципите на граѓанската држава, сметаат од ЦДТ.

„Усвојувањето на нашата иницијатива нужно ќе го отвори прашањето како ќе се остваруваат сегашните права на луѓето, што нашето законодавство ги дефинира како малцинство. Ова првенствено се однесува на утврдување на процентот на етнички малцинства потребни за спроведување на Законот за избор на советници и заменици и на Законот за малцински права и слободи, велат од ЦДТ“

За да се утврдат овие податоци, како што велат законите, ќе се користат податоци од претходните пописи, а во случај на големи демографски промени (кои редовно се следат од официјалната статистика), тие можат да бидат проверени преку спроведување на соодветни официјални истражувања. Има широк простор за афирмација и зачувување на особеностите на луѓето, но пописот не е начин за нивно постигнување, велат од Центарот за демократска транзиција.

Извор: Мета

Next Post

Албанската опозиција ќе побара од претседателот Мета да го распушти Парламентот

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk