ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Советот на амбасадори го поздравува повлекувањето на Предлог законот за надворешни работи од собраниската процедура

October 21, 2020 20:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на амбасадори денеска преку соопштение го поздравува повлекувањето на Предлог законот за надворешни работи од Собраниска процедура од страна на актуелниот министер за надворешни работи.

Потсетуваме дека во декември 2019 на првата јавна дебата Советот на амбасадори ги изнесе своите ставови за Предлог законот за надворешни работи истакнувајќи дека се работи за многу комплициран текст, во некои сегменти спротивно на некои одредби на Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 год.

-Советот на амбасадори уште еднаш го афирмира својот став дека Предлог-текстот на Законот за надворешни работи имаше за цел задоволување на меѓу-партиските кадровски комбинаторики и апетити во едно многу чувствително време и во исто така чувствително подрачје како што е дипломатијата. Предлог текстот на Законот за надворешни работи веќе повлечен од Собраниска процедура имаше за цел да создаде централизирано владеење на тогашниот МНР со група свои истомисленици и во некои сегменти беше далеку под квалитетот на Законот за МНР кој е сеуште во сила. Советот смета дека нашата држава со после тридецении самостојна дипломатија треба да прави напори квалитетно да ја зајакне нејзината дипломатска служба во целина. Оваа суптилна служба не може и не смее да биде инструмент на ограничен број на дипломати особено заради фактот што земјата се соочува со големи предизвици на нејзиниот пат кон евроинтеграциите, се наведува во соопштението од Советот на амбасадори.

Воедно, го потсетува актуелниот министерот за надворешни работи, дека во нивниот Совет членуваат истакнати дипломати од највисок ранг, кои нашата земја ја претставувале надвор во најдобро светло и особено во најтешките мигови на осамостојувањето, а како дипломати од кариера учествувале во изработката и на многу акти во МНР, вклучително и на актуелниот Законот за надворешни работи. Од овие причини, од Советот на амбасадори, како што наведваат, очекуваат во ново формираната Комисија за изработка на нов Закон за МНР да бидат вклучени и негови членови./MИА/

Next Post

Во Кичево приведено лице кое избегало од затворот во Прилеп

Shortcut

Најново

Седум фемициди и шест барања: Граѓанските организации бараат институционална одговорност

November 18, 2026

Мислете му ја!

November 17, 2026
Фото: Скриншот од Youtube/Google DeepMind

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk