ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи-Гир: Пристапниот процес кон ЕУ e стратешки приоритет и врвен национален интерес

October 22, 2020 13:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, преку видео конференциска врска, денеска одржа состанок со шефот на делегацијата на Европската Унија во Скопје, амбасадорот Дејвид Гир, со кого, како што соопштуваат од неговиот Кабинет, разговараа за спроведувањето на реформите во нашата земја во насока на евроинтеграцискиот процес, како и за унапредување на сите сфери на општественото живеење.

– Пристапниот процес кон Европската Унија е национален интерес, рече Битиќи и додаде дека во периодот кој следи посветено ќе се работи на зајакнување на човечките капацитети за спроведување на потребните реформи, ќе се посвети особено внимание на борбата против корупцијата и криминалот, како и на владеењето на правото и правдата за сите, а воедно ќе се насочат и големи ресурси во реализацијата на капитални инвестиции, со цел подобро инфраструктурно поврзување во земјата, но и на Северна Македонија со другите земји во регионот.

Амбасадорот Гир го реафирмираше ставот дека делегацијата на Европската Унија во Скопје ќе остане активен учесник во реформските процеси и потврди дека Владата може да очекува поддршка од ЕУ во проектите кои значат подобар живот на граѓаните.

На состанокот се разговараше и за креирањето на Националниот развоен план, со кој преку долгорочно планирање, ќе се трасира патот по кој ќе се развива Северна Македонија и ќе се создаде визија кoн која сите заедно ќе се стремиме да ја постигнеме.

Амбасадорот Гир и вицепремиерот Битиќи зборуваа и за системските решенија во насока на намалување на корупција и создавање опкружување кое ќе ја минимизира можноста за вакви девијантни појави, особено во јавната и државна администрација. Тие се согласија дека со поцврста меѓуинституционална соработка и системски пристап кон креирање решенија за антикорупција може да се очекуваат одлични резултати и примена на европски вредности.

Вицепремиерот Битиќи и ЕУ амбасадорот Гир се согласија дека ќе продолжат со интензивна комуникација и следење на сите проекти кои се реализираат во заедничка соработка, за да се постигнат поставените цели и да се придонесе кон подобар живот на сите граѓани во Северна Македонија.

Next Post

„Дијалози за Дигиталната агенда“ онлајн настан во организација на Фондацијата Метаморфозис

EVN

НАЈНОВО

МНР. Фото: Ангел Ангеловски

Македонското МНР со одговор на бугарското МНР: Бугарија се меша во нашите внатрешни работи со етикетирања

January 27, 2026
Фото: Скриншот

Нов инцидент: Пукање на агенти на ICE во Аризона, едно лице е во критична состојба

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Што е Војничевиот ракопис – мистеријата што одбива да биде прочитана

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk