ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЕК е решена да започнат преговорите до крајот на оваа година, но не може да гарантира

October 22, 2020 16:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик генералниот директор во Европската Комисија задолжен за проширување и соседска политика, Мачеј Поповски, истакна дека неговата институција прави сѐ за да се обезбеди одржување на првата меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Северна Македонија до крајот на оваа година, јави дописничката на МИА од Брисел.

Поканет на панел дискусија на Центарот за европски политики во Брисел, Поповски изјави дека вчера на амбасадорско ниво во Советот се одржала повеќечасовна дебата на тема проширување, и блокадата од страна на Бугарија за усвојувањето на преговарачката рамка, без која не може да се одржи првата меѓувладина конференција.

Запрашан дали може да гарантира дека несогласувањата ќе се надминат до крајот на оваа година, Поповски рече дека може само да порача дека Европската Комисија и германското претседателство се “решени“ тоа да се случи.

-Ова е процес кој е во тек, уверен сум дека ќе имаме договор за меѓувладините конференции, ние сме решени да го постигнеме тоа, и германското претседателство исто така. Има разлики во позициите, ние го препознаваме прогресот на Албанија и на Северна Македонија, судските реформи во Албанија, добрососедските односи во Северна Македонија и уставните промени, навистина е сето тоа импресивно, изјави Поповски.

Заменик директорот побара да “се остави уште малку време“ за преговори помеѓу сите инволвирани страни.

-Решени сме да успееме, дајте ни уште малку време, држете ни среќа, ние многу сериозно ги сфаќаме билатералните спорови, тука сме да помогнеме и да охрабриме изнаоѓање на решение, додаде тој.

Професорот по југоисточни студии, Флориан Бибер, кој исто така учествуваше на панелот, предупреди дека најавите за нова блокада за Северна Македонија е нешто што ЕУ треба да го сфати сериозно.

-Ако има блокада од земја членка за Северна Македонија ова ќе биде силен удар за процесот на ЕУ интеграција, видовме и од самата проценка на Европската Комисија дека Северна Македонија е земјата што оствари најголем напредок во последнава година, но и во претходните, и плати висока цена за унапредување на билатералните односи, рече Бибер.

Тој нагласи дека заканата за вето треба во ЕУ да се сфати како европско прашање.

-Земјите членки на ЕУ можат да сторат нешто и треба ова да биде сфатено сериозно. Ако германското претседателство не успее да ги придвижи работите, не знам кое претседателство би имало тежина да го направи тоа, заклучи Флориан Бибер

Next Post

ГА-МА: Од вторник до четврток ограничени количини природен гас кон корисниците

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk