Заклучно со вчерашните новозаразени, како активни се водат 6.069 случаи на коронавирус на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 24.836, оздравени се 17.905, а починаа 862.
Хоспитализирани се помалку од 500 пациенти, а почнаа да се полнат и модуларните болници.
Министерот за здравство Венко Филипче предупреди дека болничките капацитети се еден од главните параметри, па ако овие капацитети се исполнуваат тогаш ќе препорачаат целосна рестрикција во движењето, односно полициски час.