Берлин и Брисел очекуваат старт на преговорите до крајот на годината, се чека ставот на Софија.
Димитров: Не е во ред македонскиот јазик да биде пречка за нашата европска иднина.
Рамадани: Очекувам НАТО да реагира на апсурдната изјава на Каракачанов.
Трла баба лан, да јој проѓе дан – пишува Сашо Орданоски.
Болничките капацитети забрзано се полнат, хоспитализирани околу 500 пациенти.
Над од 6.000 активни случаи на ковид-19, Филипче предупреди, ако се полнат болниците ќе следи полициски час.
Сончево со слаба магла, минимални минус три, максимални 25 степени.
На денешен ден 1887 година Тесла пријавил шест изуми во Бирото за патенти во Њујорк, меѓу нив асинхрон мотор и повеќефазна наизменична струја.
Албанската опозиција ќе побара од претседателот Мета да го распушти Парламентот.
META: Центарот за демократска транзиција предлага при пописот во Црна Гора да не се прибираат податоци за нација, религија и јазик.
И.Т.З.