пишува: РИБАРО
Од ВМРО-ДПМНЕ и на Денот на револуционерната борба излегоа храбро да протестираат во своите револуционерни автомобили.
– Денешниот протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип, преку автопатот „Гоце Делчев”. На автопатот секој автомобил да развие максимална брзина за да ја покажеме нашата партиска моќ и храброст, но кога ќе се приближиме до патарините ја намалуваме брзината за да не не плескаат по социјални мрежи комуњарите, рече Мицкоски во своето обраќање а пренесуваат АХА.
– Шефе, сè уште немаат комуњариве поставено патарини на автопатот „Гоце Делчев“, се јави дечко од Рено Клио од 2000 година, на што доби прекорен поглед од лидерот.
– Време е за одговор. Кој автомобил е репрезентативен претставник на нашите протести. Ве молам сите да се изјасните на Анкетата од АХА. Од секој зависи!, се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, до насобраните автомобили протестирачи.
Прашањето, од Анкетата:
На кој автомобил од оние предводници накитени со партиски знамиња би му го дале приматот најрепрезентативен вмровски автомобил протестирач?
- Црвен кабриолет Mерцедес од протестот против поскапувањето на струјата, кој во друштво со Ауди осум беше вистински хит на првиот автомобилски протест
- Престижниот бел Mерцедес вреден стотина илјади евра од протестот на ДПМНЕ во Охрид против корупција, неправди и криминал и алчна забеганост.
- Ексклузивно црно Ауди од протестот од 23 октомври во Скопје, организиран со автомобили од Скопје до Штип, против мафијата:
Според досегашните резултати, ова ќе биде мртва трка, известуваат од екипата на АХА, која е задолжена од врвот на ВМРО-ДПМНЕ да ја спроведе оваа престижна анкета од историска важност и за партијата, а посебно за опстанокот на лидерот Мицкоски.
П.С. Дознаваме дека дечкото со Рено Клио од 2000 година, кој напомна дека нема патарини, без никакво објаснување од обезбедувањето на Мицкоски е замолен да ја напушти поворката.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK