Премиерот на Косово Авдулах Хоти денеска ќе престојува во Северна Македонија. Предвидени се разговори меѓу двете, како и тет-а-тет средба меѓу премиерите Зоран Заев и Авдулах Хоти по што е најавена нивна заедничка прес конференција.
Деновиве македонската армија испрати контингент од 44 македонски војници во мисијата КФОР на Косово. Војниците кои ќе работат како штабни офицери во главната команда во Приштина, ќе ја обезбедуваат регионалната команда на КФОР Запад.