ВМРО-ДПМНЕ за денеска најави два протести со автомобили во Штип и Скопје.
Денес ја имаме државата, но ја немаме слободата која ја сакаме, ја немаме правдата која ни е потребна, се бориме за националното чувство кое ни го негираат.
Токму затоа ги покануваме сите граѓани масовно да ни се приклучат на протест против мафијата, за правда и слобода.
Протестот ќе започне утре, на 23 Октомври во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ “Борис Трајковски”- општина Карпош и СЦ “Јане Сандански” – општина Аеродром, по што ќе финишира пред
Собранието на Република Македонија.
Протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип, преку автопатот “Гоце Делчев”, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.
Време е за одговор. Од секој зависи!“, пишува во објавата на престедателот на партијата Христијан Мицкоски.
Да го потсетиме г-динот Мицкоски дека покрај тоа што е во полн ек есенскиот бран на коронавирус, собиранките треба да се сведени на минимум, автомобилите дополнително придонесуваат за аерозагадувањето, кое пак за жал, многу му помага на вирусот ковид-19 да се всели во човековиот организам и директно да го нападне респираторниот систем.
Со оглед на тоа дека на неколку протести ВМРО-ДПМНЕ бараше од РКЕ намалување на цената на електрична енергија (иако Регулаторна е независно тело), граѓаните прашуваат дали од партија ќе побараат поевтинување на горивата (иако и тоа не зависи од РКЕ).
Д.Е.