Поранешниот пратеник Амди Бајрам бил позитивен на ковид-19, покажал тестот што му беше направен посмртно.
Веста за „360 Степени“ ја потврди извор од здравствените власти.
Пред две недели, Амди Бајрам во Истанбул правеше свадба за внука си со над 200 гости од Македонија.
Претходно изјави дека поради мерките на Владата и зголемениот број нови случаи, решиле да ја откажат свадбата која првично беше закажана во ресторан во Шуто Оризари.