Данската кинотека, под покровителство на „Данскиот филмски институт“ го прогласи филмот „Исцелител“ на македонскиот режисер Ѓорче Ставрески за филм на месец ноември.
Секој месец, уредничкиот тим на кинотеката одбира филм за кој мисли дека заслужува да се прикаже на големо платно во нивната престижна институција.
Филмот ќе биде почестен со 8 проекции, свртувајќи го вниманието на филмските критичари, професионалците и публиката.
Филмови на месецот претходно биле ремек-делата на светската кинематографија: „Елена“ на Андреј Звјагинцев, „Молитва пред мугра“ на Жан-Стефан Саува и „Јавачот“ на Клое Жао.
Данската кинематографија е една од најстарите и најпрестижните во светската филмска историја, дом на филмските великани Карл Теодор Дреер, Ларс фон Триер, Томас Винтерберг и Николас Виндинг Рефн. Првата филмска проекција се одржала во Копенхаген во далечната 1896, само една година по првата проекција на филм воопшто.
Извор: Официјалната фејсбук страна на Исцелител / Secret Ingredient
И.Е.