ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитриевски: Ќе му го вратам орденот на Каракачанов, заедно со протестно писмо

Напоменувам, мојот гест е личен и директно насочен кон популизмот и двојниот пристап на г-дин Каракачанов, ниту во еден момент не е насочен кон граѓаните на Република Бугарија или пак кон нејзините одбранбени сили кои ги сметам за пријателски и братски народ на Македонскиот“, напиша Димитриевски.

October 26, 2020 23:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Орденот што го добив „100 годишната од Првата светска војна” во 2018 година од страна на министерот за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов ќе му го вратам назад заедно со протестно писмо поради изјавите кои не водат кон добри меѓусоседски односи. Овој орден ми го врачија по повод заедничкото чествување на 22.10.2017 година на битката на Страцин каде во Октомври 1944 година партизанските единици од НОБ, кумановската дивизија и бугарската армија водат борби со германските војски кои ја штитеа одстапницата на германската Е Армија во овој дел на Македонија, датум и жртви вредни за заедничко чествување и почит, напиша кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на фејсбук.

„Ако разговараме за помирување и смирување на односите, заедничко чествување на настани кои не обединуваат како народи недозволиво е во 21 век да има претставници во Влада на земја членка на ЕУ со изјави кои се со заканувачки и омаловажувачки карактер по националниот идентитет на соседите. Нема да дозволиме да се поминат црвените национални граници, особено кога тука, по однос на ова прашање имаме национален консензус и поддршка од сите етнички заедници. Никој нема право да го оспорува нашиот идентитет и наместо да се гледаме во историјата, потребно е да се насочиме кон иднината.

Оваа Влада покажа дека води политика на меѓусоседски односи кои промовираат европска политика, напредни сфаќања и просперитет. Сигурен сум дека премиерот знае како да се справи со секоја ситуација, досега покажа дека знае да биде трпелив и да покаже дека со вистински решенија доаѓаат вистински одлуки. Не се сомневам дека и во овој случај тоа ќе биде така.

Напоменувам, мојот гест е личен и директно насочен кон популизмот и двојниот пристап на г-дин Каракачанов, ниту во еден момент не е насочен кон граѓаните на Република Бугарија или пак кон нејзините одбранбени сили кои ги сметам за пријателски и братски народ на Македонскиот“, напиша Димитриевски.

Next Post

Уште една недела до претседателските избори во САД

НАЈНОВО

Пакистанскиот парламент изгласа доживотен имунитет за претседателот и командантот на армијата

November 13, 2025

Проруска хакерска група нападна веб-страници на неколку дански институции

November 13, 2025

Филипче: Македонија е на дното во регионот најниски плати, највисока инфлација, најслаб економски раст

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фатјон Софта: Северна Македонија, Косово и Албанија – под закана од тајни саботажи и дезинформации од Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk